Фирмата “Кодоњи“ врши дејност врз основа на премисите за рамномерен развој. Се трудиме да се грижиме за развој на фирмата, да воведуваме економични технолошки решенија, но истовремено да не забораваме за почитта кон луѓето и средината што не’ опкружува. 
Основниот материјал што го користиме при производството се рециклираните шински главици од железнички отпад. Во 1999 година имплементиравме иновациска програма за преработка на шините, која што ни овозможи да се откажеме од примената на високо квалитетен материјал при производството на мелниците. 

Применетата технологија и авторскиот распоред на машините во производствената линија ни овозможи намалување на потрошувачката на енергија во целиот процес, причинувајќи редукција на негативното влијание врз природната средина.