Фирмата “Кодоњи” произведува ковани челични топки (мелници) што се преработуваат во процесот на ковање во преси во затворени матрици. Нашите произведени топки имаат дијаметар од ∅ 60 до ∅ 100 и тврдост од 58-62 HRC. Како суровина за нивно производство ја користиме отпадната главица од железнички шини од видот ST90PA.

Произведените топки (мелници) се користат во преработувачките и енергетските претпријатија, кои што во својот производствен процес применуваат мелници од топчиња. Фабриката е опремена во 3 производствени линии. Нашиот годишен производствен потенцијал изнесува околу 9000 Mg. Исто така нудиме валани челични или ковано-валани топки со дијаметар од 30, 40, 50 мм. Кон секоја количина приложуваме ковачки атест што ги потврдува нормите што ги исполнува нашиот производ. Овој атест се подготвува во согласност со полската норма за производство на челични топки PN-H-94057.

Ефектите што остануваат по процесот на производство се квалитетниот и еднороден челичен отпад, што настанува при процесот на рециклирање и производство на топки и кој често е искористуван во железарниците и леарниците.