- За нас
- Нашиот тим

За мене најважна цел е веродостојноста и професионалноста како при тимската работа во фирмата, така и при соработката со надворешните партнери.

Мојата улога се засновува на реално претставување на приходите и трошоците во фирмата од сметководствено-правен аспект.

За мене значајна улога во работата претставува довербата на раководните кадри кон работниците. Во секојдневната работа најважни се ефективноста и идеите.

Секојдневно сум на располагање на вработените. Се грижам за тоа периодичните испитувања да се извршуваат редовно и на време.

Раководам со работата во одделот за транспорт и заварување. Во нашата фирма работам од 1990 година.

Моја задача е да вршам надзор на транспортот, утоварот и растоварот на материјалите и производите. При работата се трудам да бидам солиден и точен.

Мојот тим е дел од целиот процес, квалитетот на нашата работа има влијание врз придржвањето на роковите на следните етапи на производството.

Мојата омилена поговорка е „да се кове железото додека е жешко!”

Мојата страст се електрониката и автоматиката. Вршам мерење на електричните инсталации, ги поправам инструментите за ракување со машините.

10 години работам во фирмата, во која татко ми работи речиси 30 години.

Како надзорник ја надгледувам работата и работам на линиите во ковачницата, се грижам за реализација на технолошкиот процес и за исправноста на уредите.

Моја желба е развој на производството и пораст на интернационалниот карактер на фирмата, што ја основа мојот Татко.