Фирмата “Кодоњи“ ја започна својата дејност во 1990 година преку производство и трговија со метални производи. Во следните години се концентриравме на развој на ковани челични топки, главно што се користат во преработувачките капацитети во индустриите за експлоатација на рудите како што се бакар, цинк и олово, како и камена руда, а исто така и во електраните и цементарниците. Во почетокот на 90-тите години наш главен домашен клиент стана “КГХМ Полски бакар А.Д.“. Во 1999 година изработивме авторска методологија за ковање на топки од шински главици, што ни дозволи да постигнме висок квалитет на производите по конкурентни цени. Во следните години воведовме други решенија што ги рационализираа трошоците на производство, м. др. благодарејќи на примената на технологија за енергетска заштеда, која што го зголемува квалитетот на нашите производи. Во 1997 година по исполнувањето на условите предвидени со Законот за рехабилитација и вработување на хендикепирани лица, нашата фирма стекна статус на фирма за заштита при работа. Од 2006 година развиваме извозна дејност, во која бележиме систематски пораст.
Примената на технологија за енергетска заштеда, развојот на производствената моќ, како и долгогодишното искуство, придонесоа да станеме лидер во производството на ковани топки во Полска и значаен производител во Средно-Источна Европа.