Вршиме дејност во Сталова Вола, гратче што се наоѓа на територијата на војводството Подкарпатие, кое го снајде висока невработеност пред се’ по реорганиацијата на Железарницата Сталова Вола. Голем дел од нашите вработени работи кај нас веќе неколку десетици години. За многуте од нив бевме нивно прво работно место. Во фирмата работат членови на исти семејства. Од 1997 година имаме статус на фирма со заштита при работа, што значи дека над 50% од нашите вработени се лица со хендикеп. Во постојан работен однос вработуваме медицинска сестра и лекар-специјалист од областа на медицина на трудот. Работните и раководните работни места се приспособени кон потребите, што произлегуваат со хендикепот. Тие лица користат индивидуална помош, како на пример дополнително финансирање на престоите во санаториумите, центрите за рехабилитација, при купувањето на лекови и други медицински средства, како и при купување и поправки на индивидуални рехабилитациски направи. Оваа помош се доделува од страна на нашата Комисија за распределување средства со кои располага нашиот фонд за рехабилитација на хендикепираните лица. Претседателот на таа комисија истовремено ја врши и функцијата на професионален советник за хендикепираните лица.